Почетна Инфоград

Ќе се санира потпорниот ѕид на „Првомајска“

Општина Струмица од утре започнува со санација на потпорниот ѕид на улицата „Првомајска“. Поради изведување на градежните активности ги известува граѓаните кои живеат на потегот од Момин бунар до каскадата, да ги отстранат своите возила и да ги паркираат на друго место, за да може во наредните неколку денови да се обезбеди слободен влез за градежните машини. Потпорниот ѕид на улицата „Првомајска“ се сруши на почетокот од месецов од обилните врнежи од дожд. По увидот од градоначалникот Коста Јаневски и општинските служби, се распиша јавна набавка по итна постапка за санација на поројот. Од трите пристигнати, за најповолна беше избрана понудата на фирмата „Џови компани“ ДООЕЛ од село Мокриево која по склучениот договор од утре започнува со градежните активности.