Почетна Шаренило

Фејсбук ги елиминира објавите кои „просат“ лајкови

Од оваа недела, Фејсбук ќе почне да ја намалува видливоста на спам постовите кои како примарна цел имаат привлекување на кликови (engagement bait) и кои ги поттикнуваат корисниците на оваа социјална мрежа да лајкнуваат, споделуваат, тагираат или да коментираат.

Објавите од типот „Тагирајте го пријателот кој сака да спие“ изгледаат популарно поради тоа што си играат со алгоритамот на Фејсбук, односно доаѓа до нивна поголема видливост во News Feed.

Од Фејсбук тврдат дека новото ажурирање нема да влијае на објавите кои повикуваат на собирање средства за хуманитарни цели или на оние кога некој, кои на пример, бара совети за патување.

„Со ова сакаме да го намалиме ширењето на содржините кои претставуваат спам, потоа сензационалистичките објави и погрешни информации, со што ќе промовираме смислена и автентична комуникација“, соопштуваат од Фејсбук.

Колку повеќе некоја страница е ориентирана на engagement bait, толку повеќе ќе почувствува поголем пад на видливост на објавите.