Почетна Инфоград

Во вчерашната ЕКО акција собрани се 110 метри кубни отпад

Во вчерашното продолжение на Еко акцијата беа собрани вкупно 110 метри кубни разновиден отпад. Ова количество отпад беше собрано од улиците „Бетовенова“, „Славчо Стојменски“, „5-ти Ноември“, „Спиро Захов“, „Епименонда Поп Андонов“, „11 Септември“ и „Маршал Тито“ до излезот кон населено место Куклиш. Во рамките на акцијата се исчисти и дивата депонија кај улицата „Спиро Захов“. Оваа ЕКО акција ќе трае до 24 декември, а се спроведува во организација на општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.