Почетна Спорт

Секулов и Јувентус се есенски прваци

Македонскиот репрезентативец Никола Секулов и У-16 тимот на Јувентус денеска со уште една победа го заокружија првиот дел од италијанското првенство кое го завршија на првото место.

Јувентус го победи градскиот ривал Торино со 1:0 во натпревар во кој Секулов беше во стартниот состав на италијанскиот гигант, а тоа беше вкупно единаесеттата победа во првиот дел од сезоната.

Јувентус има само два нерешени резултати и ниту еден пораз, со што е на првото место, со шест бодови повеќе од Фиорентина, а далеку зад нив е Сасуоло кој има дванаесет бодови помалку од лидерот. Успехот на екипата во која важно место има Секулов е уште поголем ако се знае дека Јувентус има најдобар скор во трите групи на кое е поделен У-16 италијанскиот шампионат.

Извор: Дерби