Почетна Спорт

Фудбалскиот клуб МАК-Струмица Јуниор бележи многу успеси за краток период

Новоформираниот фудбалски клуб во Струмица „ ФК МАК-Струмица Јуниор“ кој брои педесеттина дечиња се развива многу професионално и бележи големи резултати. За период од четири месеци на постоење, клубот постигна значителни успеси во сите категории, велат од клубот. Вчера се одиграа два пријателски натпревари во генерации 2007 и 2009 и помали, помеѓу ФК Беласица и новиот клуб ФК МАК Струмица Јуниор. Првиот натпревар заврши нерешено 3:3, додека во врориот натпревар славеа домакините со 1:0.

„ За периодот откако постоиме, а тоа е само четири месеци нашите дечиња постигнаа одлични резултати. Работите се движат во позитивна насока. Ме радува фактот што имавме прилика за овој период да одиграме неколку пријателски натпревари во кои постигнавме одлични резултати, секако и да им честитм на генерацијата 2004/05 кои ја завршуват годината без пораз. Со идентичен резултат се и дечињата од помалите категории кои не изненадуват се повеќе со секој одигран натпревар. Нашата цел и во иднина ќе биде да посветиме внимание максимално на секое дете, да бидат задоволни и да бидеме горди на нив во иднина. Ја завршивме годината со вчерашниот натпревар против Беласица и сакам да им честитам на сите дечиња за прикажаната игра, посебно на генерацијата 2007 кои се радуваа на трипати, постигнувајки три голови, рече тренерот Томе Христов.

ФК МАК – Струмица Јуниор наредната година ќе продолжи со подготовки за мегународниот турнир во Сандански, Република Бугарија, на кои ќе земат учество со неколку генерации.

„ Завршуваме овој месец со тренажниот процес, после Новата година, ќе имаме краток одмор, а потоа ќе продолжиме во сала со тренинзи за да се подготвиме за турнирот. Најмлку битно ќе ни биде постигнатиот резултат во Бугарија на турнирот, туку големото искуство што ќе го стекнат нашите дечиња. Ќе учествуваат над 60 екипи и ќе се одиграат многу квалитетни натпревари. Претходно имаме договорено исто така пријателски натпревар со екипа од Петрич, соседна Бугарија, а веќе во наредната година ќе земаме учество во детската лига под капата на ФФМ, рече Христов.

Од клубот најавија дека во следната година ќе се шираат и на други терени и дека има голем интерес од многу дечиња. Од таму најавија дека ќе го прошират и стручниот штаб во зависност на бројот на дечињата. Клубот во овој период работи со генерации од 2004 до 2011 година.