Почетна Вести

Отровот не е решение, протест против масовното труење на животните

Бараме од надлежните под итно да престане ова лудило затоа што ова е организирано и се работи за Битола , Кочани , Охрид и други градови. Каде е човештината? Проблемот со уличните кучиња треба да се реши од институциите, бараме стационари во сите градови со нормални услови за живот, вели активистката Снежана Билко, од денешниот протест против нехуманиот третман на кучињата и масовното труење кое се случуваше изминатава недела.

Денеска граѓани и активисти заедно со нивните миленици денеска од паркот „Жена борец“ во Скопје се упатија кон бараките на Град Скопје од каде побараа од надлежните кои, како што велат, со години го игнорирале овој проблем, хуман третман за бездомните кучиња и забрана за слободната продажба на отрови и настроги казни за трујачите.

Тука сме да го искажеме револтот против несовесните граѓани кои на своја рака трујат невини животни. Да се бара виновникот кој го шетал агресивното куче, а не да се трујат животните. Отровот е опасен за кучињата, мачките но и за децата кои може да го вдишат, вели Марија Kачакова, активистка за правата на животните.

Фото: Слободен печат