Почетна Струмица Њуз

Притвор за струмичанец, се обидел да силува две девојки

Кривична пријава против O.Х (35) од Струмица поради постоење основано соменение дека сторил две кривични дела „силување“, поднесе секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица.

На предлог на јавен обвинител од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Како што соопшти МВР, пријавениот на 17 ноември годинава околу 3:30 часот, со намера да ги присили на сексуален однос лицата Ѓ.С и А.М, насилно ги влечел кон неосветлениот дел помеѓу објектот на Шумска полициска станица Струмица и сендвичара „Тинејџер“ во Струмица, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Додека се обидувал да ги одвлече пријавениот гласно кон нив се обраќал со вулгарни зборови.

На 1 декември околу 00.40 часот, на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП „Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К, на тој начин што им се нафрлил и почнал да ги фаќа по градите и задникот додека тие давале отпор и викале за помош.

Веднаш по пријавувањето на настанот, Отсекот за општ криминалитет при СВР Струмица презеде активности во насока на пронаоѓање на сторителот.

Униформиран полициски службеник вчера при вршење на службена должност, на регионалниот пат Струмица-Радовиш, во близина на бензиската пумпа „Лукоил“, забележал паркиран автомобил и при легитимирње на лицата во возилото, бил легитимиран и пријавениот.

Поради основано сомнение дека е сторител на наведените кривични дела, пријавениот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Струмица.

Пријавениот и е познат извршител на кривични дела против половата слобода и половиот морал, за кои е правосилно осудуван од Основниот суд во Струмица.