Почетна УраКултура

Во Струмица отворена изложбата „Урбани уметнички акции“ (ФОТО)

Синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица беше отворена изложбата во рамките на проектот „Урбани уметнички акции“.

„Изложбата се состои од повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени изминативе 3 години со посебен акцент на најпрепознаените акции спроведени во текот на 2017 година“, истакна Никола Писарев од Центарот за современи уметности – Скопје.

Идејата на проектоте да ги открива, реагира, комуницира, па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сферата на урбанизмот и инфраструктурата), активистите, невладиниот сектор и граѓаните кои се соочени со проблемот.

Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички настап за решавање на други нови проблеми.