Почетна Струмица Њуз

Доделени годишните награди, за животно дело ја доби архитектот Јован Џабулов

Покрај наградата за животно дело по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештономаченици, им  беа доделени и награди на Зоран Спасов во областа на спортот, Сречко Гунчев за фотографија, Магдалена Мафкова за кулинарство, Верица Јанкова во областа на образованието, Роза Мојсовска во областа на сликарската уметност, екипата на филмот „Златна петорка“, ја доби наградата за особен придонес во областа на филмската уметност и КГС Партизан во областа на спортот и спортските активности.

На денешната седница свое обраќање имаше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, а беа присутни голем број на граѓани, гости од црковниот, политичкиот и оптествениот ѓивот како и претставници од дипломатскиот кор во Македонија и гости од земјата и странство.

Во рамките на одбележувањето на празникот вечерва во 19:00 часот во НУ Завод и Музеј во Струмица е промоцијата на книга со фотографии „МОНОС“ и изложбата на Александар Дончев. За крај на активносте по повод празникот на градот е предвиден концертот на „Распеани струмичани“ и ансамблот „Тримери“ во НУЦК „АнтонПанов“ со почеток во 20:00 часот.