Почетна Животинки

Спасено кучето Лаки од канџите на струмичкиот доктор (ФОТО)

Со брза реакција на совесни граѓани и љубители на животни, на СВР Струмица и Основното јавно обвинителство од Струмица, денеска Лаки е одземен од монструмот кој го влечеше за своето возило и сместен е во пансион во ветеринарната станица Сити Вет во Струмица.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против К.З.(61) од Струмица за сторено кривично дело  „мачење животни“.  Според полицијата, на 26 ноември тој од село Борисово до продавнiца во селото Мокриево со метален синџир го врзал своето куче за задната страна на возилото и додека го управувал возилото го влечел домашниот миленик.

Кривични пријави против К.З. поднесоа и граѓани – љубители на животни, кои бараа одземање на кучето и казна за злосторникот. Пријава е поднесена и од здружението Анимал Ловерс. Постапувајќи по поднесените пријави, Основното јавно обвинителство даде налог за одземање на кучето од К.З. и истото е предадено во ветеринарната станица Сити Вет, каде беспалтно ќе биде згрижено и лекувано.

По целосното закрепнување, за Лаки ќе се бара дом и совесни сопственици кои ќе му пружат нега и љубов. Заедничката акција ги даде саканите резултати. Лаки е спасен!

[juicebox gallery_id=”528″]