Почетна Инфоград

Работна средба за заштита од пожари

Во организација на општина Струмица, по иницијатива на МВР-СВР од Струмица во Дом на АРМ во Струмица, во рамките на надлежноста на Локалниот совет за превенција, се одржа работна средба на институциите кои превземаат  меркииактивностизапревентивноделувањевоврскасозаштитатаодможнишумскипожариидругипожаринаотворенпростор со претставници од ТППЕ Струмица, како единствена организирана форма во општина Струмица која е надлежна за гасење на пожари.  На средбата беше разгледана актуелната состојба, со заклучок дека на пошироката територија на општина Струмица во овој период нема пожари од поголем размер, освен еден кој се случил меѓу населените места Баница и Водоча.

Заедничка заложба на сите претставници беше да се почитуваат посочените предупредувања до сите граѓани, а особено: данесепалиоганнаотворенпросторинанеобезбедениместа, данесепалатстрништа,меѓиидругиповршини, данесефрлаатстакленишишињаидруга  стакленаамбалажаиотпад, данесеврши  палењенаотпадидруггорливматеријал и да не се фрлаат остатоци од цигари, да се почитува забраната за движење низ шумите и зголеменабудностивнимателност  зарадипревенцијаодпожари кои би предизвикалеопштаопасностизагрозувањенаживотот,здравјетоиимототнаграѓаните.

Посебно беше потенцирана потребата од унапредување на соработката на државните со општинските институции, обезбедување и размена на податоци за полесна комуникација и проактивен пристап преку едукација на населението, со вклучување на месните заедници од руралните средини, ловечките, еколошките и планинарските друштва.