Почетна Струмица Њуз

Општина Ново Село едногласни за референдум

Во духот на единството кое Иницијативата „СПАС за Струмичка Котлина – СТОП за рудникот на смртта во Иловица“ заедно со локалните самоуправи од струмичкиот регион го гради во интерес на граѓаните, Советот на Општина Ново Село денеска ја потврди својата претходна одлука за распишување референдум на локално ниво во врска со рудникот во Иловица.

Како и во случајот со Општина Босилово, денеска СИТЕ пратеници, и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа заедничка иницијатива за распишување референдум и едногласно изгласаа референдумот да се одржи на 17.09.2017.