Почетна Вести

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид слетаа во Скопје на +40 (Фото)

Попладнево експедициите на кралевите и црвените ѓаволи слетаа на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и се упатија кон ТЦЦ Плаза и Александар Палас каде ќе бидат сместени до утрешниот натпревар од УЕФА Супер Купот кој ќе се игра во 20:45 часот на „Телеком Арената“.

Манчестер јунајтед од 16:45 часот во прес-центарот на „Телеком арената“ ќе ја има официјалната прес-конференција, по што ќе го одработи и тренингот, а прес-конференцијата на Реал Мадрид е закажана од 18:45 часот.