Почетна Струмица Њуз

Извлечени двојките за Купот на Македонија: Беласица повторно против Пелистер, Академија Пандев ги доби ССК Нова

Во просториите на ФФМ денеска беа извлечени двојките за првата рунда во Купот на Македонија.

Бранителот на пехарот Пелистер ќе ја започне новата авантура од Струмица од местото каде успеа претходната сезона да дојде до големиот успех, а противник ќе му биде Беласица.

Актуелниот шампион Вардар пак ќе и гостува на Локомотива, додека Шкендија ќе излезе на мегдан против Гостивар.

Парови:

Локомотива – Вардар

ССК Нова – Академија Пандев

Борец – Влазерими

Кожув – Новаци

Вардар Неготино – Еуромилк

Беласица – Пелистер

Плачковица – Победа

Осогово – Брегалница Штип

Могила Би-милк – Силекс

Струга Трим Љум – Македонија ЃП

Охрид – Скопје Лихнидос

Зајази – Шкупи

Гостивар – Шкендија

Тетекс – Турново

Тиквеш – Ренова

слободен: Работнички