Почетна Инфоград

Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, едно лице тешко повредено

Вчера во 19.45 часот на магистралниот пат А-4 Струмица-Радовиш, поточно на делницата од село Радичево до село Владевци, се случила сообраќајна незгода во која 42-годишниот Б.Е. од село Раклиш-Радовиш, управувајќи патничко моторно возило „Волксфаген Поло“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 29-годишниот сопатник К.К. од село Раклиш, кој по укажаната лекарска помош во Медицински Центар-Струмица е префрлен во Ургентен Центар-Скопје на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Струмица.