Почетна Вести

Тропски денови до крајот на неделата

И денеска во целата држава не очекува  тропски ден, иако ќе имаме помалку сончеви периоди барем во попладневните часови. Во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево и многу топло. Попладне појава на локална облачност која што во западните, северозападните како и во североисточните и источните предели може да услови развој на нестабилност која што ќе донесе слаби и локални врнежи од дожд кои што ќе бидат пропратени со грмотевици како и услови за појава на град. Сепак условите за оваа појава се минимални. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Минималните температури од 16 до 25 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 32 односно до 42 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време, попладне во западните и источните предели со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Дневната температура од 31 до 41 степени.

Во среда претежно сончево време со појава на локална облачност и многу топло време со температури од 32 до 42 степени. Сончевото време и тропските температури ќе продолжат и во четврток и петок кога ќе биде многу топло. Утринските температури од 16 до 25 односно од 14 до 23 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 32 односно до 42.