Почетна Струмица Њуз

Навивачите на Малме со ограничено движење, полицијата ќе ги чува во струмички паб

Навивачите на Малме од Скопје со полициска придружба ќе се префрлат во Струмица, каде ќе го бодрат својот клуб, против Вардар, од 18 часот во реванш мечот од второто квалификациско коло.

Шведските навивачи ќе бидат во Струмица некопку часа, а добија инструкции да се групираат во еден од пабовите и да не се движат низ градот, за да не дојде до инциденти. Журката за гостите ќе трае до 16,45 часот кога повторно со придружба на полицијата ќе тргнат кон стадионот „Младост“.

Ќе бидат сместени во секторот Б7, за да не дојде до контакт со симпатизерите на Вардар. Веднаш по мечот повторно со полициска придружба фановите на Малме ќе бидат испратени до скопскиот аеродром на патот кон Шведска.