Почетна Струмица Њуз

Власис Влаикидис ќе ја води Струмица

На клупата на прволигашот од Струмица, повторно ќе седне еден тренерот од Грција добро познат на струмичката кошаркарска јавност, Власис Влаикидис, пишува sportmedia.mk.

Грчкиот стручњак има завршено Факултет за физичка култура во Нови Сад, во класата на еден од најпознатите српски тренери Душан Ивковиќ, каде специјализирал на отсекот кошарка.

По тригодишната работа во Војводина од Нови Сад, Влаикидис, како асистент на Србинот Драган Шакота во солунски ПАОК, во 1991 година го освои Купот на победниците на куповите. Потоа пет години му бил помошник на Жељко Павличевиќ во Панатинаикос.

Новиот-стар тренер на Струмица има работено и во повеќе второлигашки клубови во Грција, но сепaк врвот на неговата кариера беше токму освојувањето на шампионската титула со КК Струмица 2005.

Власис ВлаикидВласис Влаики