Почетна УраКултура

Премиера на претставата „Кралството на Снежана и џуџињата“

Утре (20.06.2017 година), со почеток во 19.00 часот во НУКЦ „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде изведена претставата „Кралството на Снежана и џуџињата“ и краткометражниот филм „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“.

Театарската претстава и филмот се дел од проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“, кој го спроведува Организација на жени на општина Струмица во партнерство со Здружение за помош и поддршка на лица родени со даунов синдром „Вера“ од Струмица.

Пред изведбата на театарската претстава  и филмот, во фоајето на НКУЦ „Антон Панов“ ќе бидат поставени и фотографии  со учесниците во проектот.

Средствата од продажбата на влезниците ќе бидат донирани на десет деца со пречки во развојот, учесници во проектот.

Цената на влезниците изнесува 100 денари.

Вечерва (19.06.2017), со почеток во 19.00 часот ќе се одржи генералната проба.

„Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“ се спроведува во рамки на Проектот „Граѓанско учество за локална демократија“, финансиран од Европската унија и имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД).

Проектот финансиски е поддржан и од општина Струмица.