Почетна Струмица Њуз

Струмица прва општина во Македонија со панорамски преглед на административната зграда на maps.google.com

Струмица е прва општина во Република Македонија која што ширум ги отвори своите врати за снимање на 360 степени обиколка и се вклучи во сервисот на GOOGLE MY BUSINESS. Со тоа уште еднаш потврди дека е отворена Општина и географски неограничена не само за струмичката, македонската, туку и за целата светска јавност. Преку овој сервис, со виртуелна прошетка, граѓаните од целиот свет можат да ја видат внатрешноста на зградата на локалната самоуправа и да „влезат„ во сите нејзини простории.

Линк за панорамскиот преглед на административната зграда на општина Струмица:

https://www.google.mk/maps/@41.4371372,22.6371504,3a,75y,249.41h,72.05t/data=!3m6!1e1!3m4!1smY5z86Y7JUgAAAQ3tA2A7A!2e0!7i11312!8i5656!6m1!1e1