Почетна Вести

Какво време не очекува?

Во Македонија во среда во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне развој на нестабилност која што ќе донесе нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, локално врнежите ќе бидат и од пороен карактер, особено во западните и во крајните источни предели каде што локално може да наврнат и до 20 литри. Сосема слаби врнежи или воопшто ќе ги нема во југоисточните предели од Македонија. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 10 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

Од четврток конечно стабилизација на времето. Во четврток претпладне претежно сончево со локална облачност и топло, попладне разведрување и сончево, топло и ветровито време. Утринските температури од 11 до 19 степени, додека пак максималните дневни од 19 до 30 степени. Во петок, сабота и недела сончево и топло време.

Во петок посвежо утро со утрински температури од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 22 до 33 степени. Најтопло време од деновите кои што не очекуваат ќе биде во сабота кога утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 35 степени, а во недела се очекува благо опаѓање на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 23 до 33 степени. 

weather4all.com.mk