Почетна Животинки

Донации за бездомните животни во сабота на градскиот плоштад во Струмица

Здружението за заштита на животни „Animal Lovers“ – Струмица на ден 10.06.2017 година во 9 часот ќе излезе со свој штанд на градскиот плоштад. Целта е да се соберат донации за бездомните животни во нашиот град (во парична форма, но и во форма на храна, лекарства и сл.). Организаторите велат дека на настанот присутните ќе  можат  и да се запознаат  со здружението, неговите активности и цели, како и да станете член на истото со потпишување на договор.

Ве покануваме да не посетите и да ја покажете својата хуманост. Сите ние сме одговорни за бездомните животни во нашата преубава Струмица и секој од нас може да им помогне на еден или друг начин. Верувајте дека и најмалата донација значи многу. Помогнете ни да им помогнеме!