Почетна Шаренило

Шарени летни лудории со Jumping Clay

Скокнете во светот на веселата и волшебна глина! Запливајте во шарените води на нашата живописна Jumping Clay глина и растеретени од училишните обврски, ослободете ја својата креативност и имагинација! 

По повод завршувањето на учебната година, Jumping Clay Македонија организира голем еднодневен настан во сабота, 10ти јуни, на плоштадот Гоце Делчев во Струмица, од 14 до 20 часот.

Ги покануваме сите заинтересирани деца, родители и креативци, да не посетат и одблизу да се запознаат со карактеристиките на магичната глина и можностите која таа им ги нуди на сите кои имаат желба и идеја за да творат.
Голем број на забавни активности, изработување на фигури, подароци и промоции, се само дел од многуте изненадувања кои ги подготвивме за вас! Креативни работилници, бесплатни фигури, предлози и инструкции, попусти на сетови и на други наши производи и промотивни цени за закажување на родендени!

Шарени изненадувања и незаборавни доживувања со највеселеата глина на светот! Ве покануваме на дружба!