Почетна Струмица Њуз

Струмичани утре домаќини на финалето од Купот на Македонија

Шкендија и Пелистер утре во Струмица на градскиот стадион Младост ќе играат во финалето на Купот на Македонија. И двете екипи го имаат освоено по еднаш, а утре тоа го посакуваат од двата табори како што изјавија денеска на прес конференцијата. Од друга страна струмичани ќе ја имаат можноста да уживаат во овој фудбалски празник.

„Сите знаеме каде беше Пелистер минатата сезона но со новото раководство гледате до каде сигнавме, до финале во купот и ’газиме’ добро и во првенството. Оваа сеозна за нас е успешна, а доколку го освоиме купот ќе биде уште поуспешпна. Овој меч Пелистер, Чкембари и битолчани го чекаат 16 години и по толку години се надевам, дека јас и Гоце Тодоровски повторно ќе го подигнеме пехарот како што тоа го стори Митко Стојковски пред 16 години“, рече капитенот на Пелистер, Горан Пашовски.

„Знаете дека ова ми е седма држава во која имам работено. Во мојата кариера имам одработено две финалиња во Бугарија со Пирин против Литекс и во Албанија со тимот на Билиш Балш, ова ми е трето финале. Се надевам дека овој пат ќе освоиме титула.
Иако играме против екипа каква што е Шкендија која е бранител на титулата. Фер плеј – повикувам на фер плеј. Во прекрасен фудбалски амбиент да помине утрешниот меч и кој заслужил да го осови купот, тој нека го подигне пехарот“,  изјави тренерот на Пелистер Наџи Шенсои.

Тренерот на Шкендија пак вели дека неговиот тим е фаовирт на хартија но тој податок не значи ништо.

„Заедно игравме со Пашовски, и секогаш ќе бидеме заедно, но сега сме противници. Посакувам да бидеме победници, но тоа нема да биде лесно. Напротив, можеби сме фаворити на хартија но победата нема да дојде туку така, ќе мора многу добро да се испотиме. Апелирам да биде фер и коректен меч, да се мине во најдобар ред, па кој е подобар нека победи. Ние ќе пружиме рака и ќе честитаме трофеј доколку загубиме, а доколку победиме тоа ќе биде заслужено„ – изјави Селими, а на крајот се обрати и капитенот на Шкендија, Ардиан Цуцули.