Почетна Инфоград

Одбележан патрониот празник на СОУ „Јане Сандански“

Средното општинско училиште „Јане Сандански“ денеска го одбележа патрониот празник. На одбележувањето присуствуваше и свежо цвеќе пред спомен бистата на Сандански положи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, а присуствуваа и претседателот на Советот, Јосиф Христов, претставници на Одделението за образование, претставници на Општинскиот одбор на борците, институции, родители и пријатели на училиштето.

За значењето на празникот зборуваше директорот на училиштето, Вања Изова Велева, а беше изведена и пригодна програма.