Почетна Струмица Њуз

Ракометниот клуб Астраион Струмица го победи Торо Спорт од Виница

И покрај победата од пет голови над гостинската екипа од Виница струмичкиот клуб не успеа да се пласира во Фајналфорот . РК Астраион Струмица  славеше  со 23:18, во прекрасниот амбиент во спортската сала во Струмица.

Иако во еден момент струмичани ја имаа потребната гол разлика од 7 голови, сепак не ја сочуваа до крај. Останува да им се честита на пионерите на РК Астраион за убедливата победа и борбена игра над првакот во третата група.