Почетна Струмица Њуз

Во сообраќајка загина фудбалер на Академија Пандев

Филип Лазаревски, фудбалер на „Академија Пандев“ и репрезентативец на Македонија (У-15) загина во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Габрово – Банско.

Информацијата ја потврдија и од клубот кои напишаа на сфојата Фејсбук страница: „На најтажниот ден во христијанството не напушти… Болката никогаш нема да престане… Засекогаш ќе бидеш дел од нас. Почивај во мир…“, пишува на официјалната Фејсбук страницата на ФК „Академија Пандев“.

Синоќа по полноќ на регионалниот пат од струмичкотот село Банско кон село Габрово покрај патот бил пронајден мотоцикл излетан од коловозот и две момчиња кои биле починати, на возраст од 15 и од 23 години.

Лазаревски важеше за еден од најперспективните фудбалери на „Академија Пандев“.