Почетна Струмица Њуз

ЖФК Тиверија и Истатов со победи во првите натпревари од Купот

Во Струмица во мошне возбудлив натпреевар помеѓу екипите на ЖФК Тиверија и Драгон, домакините славеа со 4:3 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија. Иако на полувреме домашните имаа водство од 2:0, а во продолжение и убедливи 3:0, сепак на крајот резултатот беше 4:3. Струмичани на задоволство на сите, на стартот од вториот дел веќе беа со мислите во финалето, но  гостинската екипа успеа да се врати во игра и го израмни резултатот, но на крај домашните сепак се погрижија за да слават во натпреварот во кои доминираа.

Стрелци на головите за победничката екипа беа Дервиши, Ристовска, Димоска и Велкова.

Додека во второто полуфинале од Купот екипата на Истатов, кој е лидер во шампионатот, со 3-1 славеше над Кочани. Два гола за тимот од Нов Дојран постигна новото засилување Ели Јаковска, а еден додаде Јана Бошевска.

Реванш-натпреварите од женскиот Куп на Македонија се играат на 10 мај.