Почетна Струмица Њуз

Најмалите од ООУ „Видое Подгорец“ имаа тренинг со фудбалерите на Беласица

Учениците од I б одд. при ООУ,,Видое Подгорец“ – Струмица,  денеска  беа во посета на фудбалското игралиште  со вештачка трева . Целта на посетата беше запознавање со стадионот, основните движења на фудбалот, подобрување и зголемување на физичката активност, подобрување на рамнотежата, координацијата и флексибилноста кај децата, подобрување на концентрацијата и чувство на припадност кон одредена група.  Можеби целта која најмногу е битна беше среќни и насмеани деца, вели учителката, Стојка Азманова.

 

Дечињата денеска беа  пречекани од тренерот на  Беласица,  Горги Шопов, кој е тренер од младинската школа на клубот. Денешните активности на дечињата заедно со учителката Стојка Азманова , придружувани од професорката Вера Божијанова Димитриевска,  се дел од неколкуте овој месец спортски активности.