Почетна Шаренило

Руските уметнички Јакупова и Соломина одржаа концерт во музичкото училиште „Боро Џони“

Во рамките на посетата на делегација од градскиот округ Електростаљ од Московската област на Руската федерација на општина Струмица, синоќа, во салата на музичкото училиште „Боро Џони“ се одржа концерт. Концертот се одржа по повод меѓународниот ден на полетувањето на човекот во вселената, а настапија Татјана Јакупова и Јулија Соломина и двете членки на вокалниот ансамбл на градскиот округ Електростаљ и добитнички на први награди на многубројни руски вокални натпревари.

 

Јакупова и Соломина изведоа популарни руски патриотски песни и руски хитови за вселената, а присутните уживаа во нивните прекрасни настапи.