Почетна УраКултура

Отворена изложба на ликовни творби во Домот на култура во Ново Село

Во соработка со Домот за деца и млади,, Благој Мучето“ од Струмица, оваа изложба на ликовни творби од проектот ,,Цвеќе“ станува традиционална помеѓу двете институции за култура од локален општински карактер од двете општини Струмица и Ново Село.

Изложбата ја отвори Светлана Мазгалоска Вучетиќ, претставник на Домот за деца и млади ,,Благој Мучето“.

„Изложбата е како резултат на проектот ,,Цвеќе,, 2016 кој се реализира традиционално секоја година во мај, има републички карактер. Манифестацијата се реализира  во соработка со основните  училиштата од цела Република и се одвива во три дела : распишување ликовен конкурс, цртање на асвалт или на хамер во зависност од временските услови и аранжирање на свежо цвеќе. Од пристигнатите ликовни творби се организира изложба, а соработката помеѓу двете институции прераснува постепено во традиционална, така што Домот за деца и млади со ликовни изложби од проектот ,,Цвеќе“  гостува во Домот на култура, а Домот на култура со своите годишни изложби на Ликовното студио во Домот за деца и млади“, рече Мазгалоска Вучетиќ.

еа изложени 54 ликовни творби,а изложбата ја проследија ученици и наставници од основните училишта ,,Мануш Турновски“ од Ново Село, „Видое Подгорец“ од Колешино и Посебното основно училиште ,,Свети Климент Охридски“ од Ново Село. Проектот е одобрен од Министерството за култура, за финансирање на проекти од национален интерес.