Почетна Струмица Њуз

Земјоделците протестираат поради неисплатените субвенции

Земјоделците од струмичкиот регион упатија како што велат еден од последните апели до надлежните министерства во најкраток временски период да бидат исплатени субвенциите на земјоделските производители. Тие побараа и итно формирање на Влада бидејќи како што велат страда целото стопанство.

„ Според малиот број на земјоделски производители кои дојдоа денеска и информациите што ги имаме, е дека биле заплашувани да не се појават бидејќи нема да им бидат исплатени субвенциите“, рече Ристо Велков, претседател на Сојузот на синдикатот на Земјоделците во струмичкиот регион.

Тој им порача на земјоделците  дека без разлика на сите заплашувања и притисоци треба да знаат дека нема ниту денар во трезорот во министерството на база на субвенционирање кај земјоделските производители.