Почетна Струмица Њуз

Скршена играчка во обновеното детско игралиште во паркот

По само десет дена од обновувањето на детското игралиште во големиот градски парк, денеска, вработените во Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ забележаа дека една од играчките е скршена. Беа поставени вкупно 18 нови разновидни играчки наменети за деца до осумгодишна возраст.

Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните да го почитуваат направеното затоа што тоа е во нивни интерес и за нивно добро. Исто така потсетуваат дека поставените играчки се наменети само за деца до осум години и истите не треба да ги користат децата над оваа возраст.