Почетна Вести

Ивана и Ману по 4 години живот на мотор се вратија дома

По четиригодишно патување околу светот со мотор, Ивана Чолаковска Торес и нејзиниот сопруг Ману Торес денеска пристигнаа во Скопје околу 14 часот напладне.

„На 17 – ти април 2013 година со Ману сами тргнавме на пат околу светот, за денеска да имаме многу пријатели што нѐ следат од различни страни на светот. Задоволството е огромно, а морам да кажам дека чувствата денеска ми се малку измешани. Горда сум на себе и на Ману за сѐ што постигнавме, бидејќи не е лесно да се заврши таков подвиг, но желбата и мотивацијата беа големи“, изјави денеска Чолаковска.

На скопскиот плоштад меѓу присутните ги пречека и Џамбо Агушев кој дополнително ја загреа атмосферата.