Почетна Шаренило

Фитнес зона во големиот градски парк

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со изградбата на фитнес зоната во големиот градски парк, веднаш до обновеното детско игралиште. Зоната опфаќа површина од 10 на 14 метри која што ќе биде покриена со вештачка трева, а ќе бидат поставени осум фитнес направи. Со ваквото дополнување големиот градски парк добива уште поширока димензија на место за вистинско уживање и релаксација на граѓаните на Струмица.