Почетна Струмица Њуз

Фудбалерите на Академија Пандев ги тестираа ГПС уредите за нивните перформанси (Видео)

ГПС ( GPEXE ) систем-уреди со кои ќе се следи работата и перформансите на своите фудбалери, промовираше денеска Фудбаслкиот клуб Академија Пандев. Струмичкиот клуб е вториот клуб на Балканот, по грчки Панатинаикос,  кој набави опрема со која ќе се следи физичкиот развој на секој фудбалер, како на тренинзите, така и на натпреварите. Со опремата вредна над 30 илјади евра тренерите во клубот ќе имат детална слика за работата на организмот на секој фудбалер, неговиот напор, истоштеност, сила и колку тој е подготвен за еден натпревар, рече Југослав Тренчеоски, координатор во Академија Пандев.

„Со опремата добиваме скенирана слика за секој фудбалер и неговиот развој по што ќе работиме на отстранување на одредени пречки доколку се констатираат. Информациите во дата базата ќе доаѓаат преку сателит што значи во живо ќе ги имаме сите податоци за фудбалерите“, рече  Тренчовски .

На тестирањето на ГПС – уредите присуствуваше и селекторот на македонската фудбалска селекција Игор Ангеловски, како и неколку тренери и фудбалери од останати клубови.