Почетна Струмица Њуз

Сепроширува водоводната и канализационата инфраструктура во касарната

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со поинтензивни активности на просторот на поранешната касарна каде што согласно новите урбанистички планови се градат повеќе станбени комплекси. Според Андреј Тошев, раководител на одделението за проектирање, надзор и контрола во ова јавно претпријатие, со тоа се наметна потребата од проширување на водоводната и канализационата инфраструктура.

-Со овие активности започнавме уште во 2014 и 2015 година кога се изведе околу 3.500 метри водоводни и канализациони линии во вредност од 12.500.000,00 денари, инвестиција на општина Струмица и од минатата и оваа година се продолжи согласно втората фаза од договорот за изведба на водоводна и канализациона инфраструктура во овој реон и со овој договор се планира да се изведат вкупно 5.123 метри водоводни и канализациони цевки во вредност од 24.561.000,00 денари. Досега, од оваа активност има изведено околу 1.859 метри и до крајот на оваа година би требало да се заокружи оваа градежна активност во целина. Сите овие активности се искоординирани со плановите на општината, односно, согласно приоритетите и плановите за асфалтирање на улиците. По завршувањето и поставувањето на нашата инфраструктура, улиците ќе се тампонираат и асфалтираат од страна на општината, рече Тошев.