Почетна Инфоград

Стигна помош за мајката и детето, Организација на жени од Струмица обезбеди сместување

Деновиве по социјалните мрежи се апелираше  за помош на струмичанката и нејзиното новороденче,  кои биле исфрлени на улица и спиеле по клупите во Струмица. За овој случај веднаш реагираа  од Организација на жени од Струмица, кои што навременео и веднаш обезбедија за родилката и нејзиното бебе  сместување  за период од шест месеци. Од таму се надеваат дека ќе има и други хумани луѓе кои ќе излезат во пресрет, бидејќи на мајката се уште и се потребни средства за нормален живот со нејзиното бебе.