Почетна Струмица Њуз

ФК Академија Пандев возврати на одговорот на ФК Беласица

Откако управата на ФК Беласица одговорија на како што велат провокацијата од страна на Академија Пандев, од таму возвратија со уште еден текст. До каде ќе одат ваквите препукувања помеѓу двата клуба останува да видиме. Дали е сето тоа потребно оценете сами. Еве го во целост текстот од страна на ФК Академија Пандев.

Почитувани сограѓани, пријатели, подржувачи. Почитувани господа од УО на ФК Беласица. Гледаме дека повторно сте реагирале доста невкусно на вчерашната објава на ФК Академија Пандев. Навистина незнаеме од кои причини ве заболе вистината која е објвена, и во однос на постигнатиот резултат, и во однос на неодиграниот натпревар? Всушност ако сето тоа не е вистина слободно може да го отворите комет системот и да видите што официјалните лица на натпреварите напишале за истите.

Најостро го осудуваме употребата на дечињата за докажување на вашите лични “правди“.  Жално е дечињата да ги користите во ваши приватни цели па да ја извртувате вистината дека ние се потсмеваме на дечињата кои биле наши членови. Всушност и самите сте свесни дека само оваа лето ви дадовме 40-на исписници за истите деца кои самоволно сакале да го напуштат нашиот клуб. За разлика од вас ние сме свесни дека во фудбалската игра учествуваат 11 играчи, а ние во секоја генерација имавме по 40-на дечиња, нормално е да истите дечиња кои не играле или нивните родители кои немале трпение, да побараат нивните дечиња да ја побараат среќата во некој друг клуб. Да ве потсетиме наши дечиња отстапени има и во ФК Тиверија, ФК Хоризонт, ФК Тиквеш, а во иднина ќе има и во други клубови, тоа е нормален процес, а на сите нив ние им посакуваме пред се многу здравје , успех и среќа.

Во однос на тоа  дека одредени деца биле навредени од некои наши тренери, можеме да кажеме дека  секогаш кога се работи со жива материја постојат и одредени грешки. Истите, ние ги осудуваме.  Но мораме најостро да ве осудиме бидејќи ги напаѓате нашите тренери и нивната стручна подготовка. Како пример нека ви послужи само тоа дека еден од нашите најискусни тренери има одиграно најмногу натпревари во историјата на ФК Беласица, а останатите наши тренери и тренерите во ФК Беласица сите заедно ги немаат исчистено своите копачки онолку пати колку што истиот има одиграно натпревари за ФК Беласица.

Сега да ви одговориме и на другите поставени прашања од ваша старна:

  • Најпрво ние немеме никава потреба да се потсмеваме на ФК Беласица, бидејќи сите ние сме излезени од тој клуб, но навистина мораме да го браниме нашето достоинство ако вие не обвинувате за развојот на ФК Беласица и уште полошо вашиот УО не нарекува “вештачки клуб“.
  • Најостро го осудуваме потсмевањето на децата, но да ве потсетиме на објавите на вашата официјална facebook старна и кој тоа се потсмева на децата? Кој се јавуваше по сите струмички портали за да се објави вашиот пишан текст дека „ Беласица на свој начин ја среди Академија Пандев“, кога во пријателскиот натпревар ги победивте нашите кадети, значи деца родени 1999 година со 5:0. Кој објавуваше дали спијат мирно Пандевци,  ние или вие? Или пак може мислите дека нашите дечиња не се дечиња, тие се од како што велите вие “вештачки клуб“ и се „инвитро“, нив не ги боли.
  • Воопшто не ни пречи ФК Беласица и нејзината школа, напротив и нас ќе ни треба подобра конкуренција за да бидеме како што некои и вие велите ама во наводници : “ Најдобрата младинска школа“. Навистина ни фали конкурентна школа на ФК Беласица, ви посакуваме здравје и напорна работа со што и ние не би ги добивале натпреварите толку лесно, како овој вчерашниот со 0:11, бидејќи тоа е лажна слика дека и ние поседуваме кој зане каков квалитет.
  • Конкуренцијата ви рековме дека е на наше општо задоволство.
  • Верувајте дека ама баш никој не е во опасност во тоа ако имате регистрирано 260 дечиња, дури и ви посакуваме да имате и уште повеќе бидјќи на тој начин можеби и некое дете кое ќе се осети пркубројно кај вас, би дошло да тренира кај нас. Но би сакале да ја објавите вистината и за регистрираните деца, дали не бевте под притисок на времето да регистрирате 200 дечиња, за да добиете проект и парични средства во зависност од бројот на децата. Дали затоа одевте по околните места и собиравте изводи од матичната книга на родени и сликички за да имате пријавено доволен број на деца, а за жал истите тие деца ги нема на натпреварите? Дали имате регистрирано и фудбалери родени во раните 80-ти години само да го постигнете потребниот број? За тоа вие си знаете, но треба и јавноста да биде запознаена.
  • И сега ќе дојдеме до најболното прашање кое го поставивте. Дали треба да се плука по клубот во кој израснавте и игравте? Господа од УО на ФК Беласица може ли да ви одговориме со прашања:
  • 1. Кој ги исфрли дечињата кои тренираат во ФК Академија Пандев од општинските простории каде што се соблекуваа и останатите спортски клубови?
  • 2. Кој ги скрши сликите од Горан Пандев во службените простории на ФК Беласица?
  • 3. Кој го тргна дресот на Горан Пандев од репрезентацијата на Македонија кој гордо стоше во клупските простории?
  • 4. Дали Горан Пандев како дете на ФК Беласица заслужува да плаќа највисока такса во Македонија за користење на стадионот кога игра неговиот клуб?
  • Дали некој од вас се сети да демантира кога ги навредувавте нашите дечиња, ќе повториме нашите кадети, кога изгубија од сениорскиот тим на ФК Беласица со резултат 5:0?
  • 5. Кој ја пишуваше ФК Академија Пандев со мали букви и слатко се исмевавте на тоа?
  • 6. Кој пишуваше дека постои само ФК Беласица, Хоризонт и “А.П.“ се мртви, не постојат?

Како и да е има една народна поговорка која вели:“ Паметниот секогаш попушта“. Ние се сложуваме дека ФК Беласица има историја од 95 години, претставувала и претставува своевидна гордост на градот. И овојпат не го негираме тоа, но немојте да не повредувате, оставете ги и дечињата од „вештачкиот клуб“ да се радуваат на успесите и тагуваат на своите неуспеси.

За крај, официјално ви упатуваме покана иако знаеме дека истат ја добивте од името на ФК Академија Пандев преку Фудбалската Федерација на Македонија за учество на семинарот кој ФК Академија Пандев го организира во четврток 30.03.2017. Повелете ќе ни бидете добредојдени гости таму е теренот, монитиринг апаратурата, науката, дојдете таму да се надитруваме и мудруваме. Науката не знае за граници и да престанеме да се навредуваме.