Почетна Македонија

Преку ден сонце, навечер дожд

Денеска претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне во северозападните и западните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Утринските температури од 4 до 10 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 25 степени. Во недела умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер со поинтензивни врнежи од дожд. Утринските температури од 3 до 9 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15 односно до 24 степени.

Врнежите од дожд ќе продолжат во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник во утринските часови ќе престануваат и во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Температурите ќе бидат во опаѓање, утринските од 1 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури од 6 до 15 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и свежо време. Утринските температури од -1 до 5 степени, додека пак максималните од 9 до 18 степени.