Почетна Вести

Квалификациските натпревари во ЛШ ќе се играат во Струмица (Видео)

По затварањето на стадионот „Филип Втори“ во јуни поради финалето на европскиот Супер Куп, нашите претставници во квалификациите за ЛШ и ЛЕ ќе мора да бараат други решенија, но ФФМ веќе и за тоа подготвува алтернатива, рече претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски,

„ФФМ на клубовите сака да им излезе во пресрет, па затоа го подготвуваме централниот стадион на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ на кој екипите летово би играле во европските купови. Во опција исто така се и стадионите во Струмица, Тетово и Прилеп“, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Според Ѓорѓиоски, стадионот во Струмица е најблиску до тоа да биде домаќин на овие натпревари додека во Тетово останува локалната власт да ги исполни обврските за да се создадат соодветни услови.