Почетна УраКултура

50 години творештво на писателот Киро Донев

Книжевен портрет по повод 50 години од објавувањето на првата книга на македонскиот писател за деца Киро Донев, се оддрѓа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

За неговото творештво зборуваа Ана Витанова Рингачева, Горјан Петревски, Ацо Гогов, Ѓорѓи Калајџиев и Сузана Мицева.

Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за деца од помала возраст. Добитник е и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Негови дела се преведени на десетина јазици.