Почетна Струмица Њуз

Сообраќајка на патот Струмица – Василево

Во сообраќајка која се случи во пет часот рано изутрина на патот Струмица-Василево во близина на бензинската пумпа на Лукоил, повредено е едно лице. Според информации до кои дојдовме се работи за жена од Велес која управувала со автомобилот, во кој бил и нејзиниот син. Се претпоставува дека заспала, при што изгубила контрола над автомобилот и излетала од патот. Таа се здобила со лесни повреди на десната нога. Синот е во добра состојба.