Почетна Струмица Њуз

Струмичките земјоделци бараат исплата на субвенциите

Според кои избори не се врши исплата на субвенции, бидејќи во најкраток временски период нема закажано никакви избори, побараа одговор денеска од Министерот Цветков,  Сојузот на синдикатот на земјоделски производители од Струмица и Здружението „Еко Градинар“ од Добрејци . Тие денеска побараа од ресорниот министер под итно да бидат исплатени субвениците на земјоделците, бидејќи немало никакви пречки.

-На последното наше барање, образложение за неисплаќање на зејоделските субвенции беше дека исплатата на истите се коси со законската регулатива за изборите, според која 40 денови пред одржување на избори не се врши исплата на субвенции. Но, сега ве прашуваме господине министре Цветков, Згора на тоа, ако изборниот закон го декларира тоа, зошто во законот за земјоделство и рурален развој никаде не е ограничено ако во даден временски период се одржат избори, нема да се врши исплата на субвенции, рече Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на земјоделци.

Ванчо Митев, од Здружението на земјоделци „Еко градинар“ од село Добрејци побара да се деблокира исплатата на субвенициите, бидејќи производствената сезона е во тек и на земјоделците им се потребни овие средства.

-Треба да го организираме производството, но немаме обртни средтва.Потребно ни е нафта, ѓубре, пестициди и други репроматеријали. Полјоделците тутунарите и градинарите ги чекаат субвенциите, рече Митев.

И Велков и Митев упатија апел до политичарите во најкус временски период да се формира влада и сите активности што следуваат да бидат организирани и навремено спроведени и да бидат исплатени субвенциите.