Почетна УраКултура

Жената во секојдневието

Ликовните творби на тема „Жената во секојдневието“ беа изложени денеска во Домот на АРМ, по распишаниот  ликовен и литературен конкурс од страна на Домот за деца и млади и општина Струмица.

„Целта беше да се прикаже дека жената не е само во улога на мајка или родител, туку  се она што може да биде и мажот, односно  да ја прикажаме родовата еднаквост која што постои  и што треба се повеќе  да ја градиме и негуваме во општеството помеѓу мажите и жените, рече Светлана Мазгалоска Вучетиќ.

Покрај изложбата и ликовните творби беа доделени и наградите за литературни творби, кои дел од наградените ученици  истите ги прочитаа. Конкурсот бил  доставен до сите општински училишта, а организаторите истакнаа дека беа доделени повеќе награди со цел да се мотивираат учениците и нивните ментори.