Почетна Вести

НАСТАВНИЧКИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР НЕ СМЕАТ ДА ГИ НОСАТ ДОМА ПОДАРОЦИТЕ ПОСКАПИ ОД 1.000 ДЕНАРИ

Наставничките и професорките кои денеска ќе примат осмомартовски подарок од учениците или од родителите поскап од 1.000 денари не смеат да го носат дома, туку подарокот ќе мора да го остават во училиштето, пишува факлтети.мк. Тие не смеат да примаат подароци со вредност над 1.000 денари, а доколку тој што им ги дава инсистира да ги земат, тогаш наставничките се должни тој подарок да го пријават кај директорот на школото и да му го предадат. 

Забраната за примање скапи подароци не важи само за просветните работници, туку за сите вработени во јавниот сектор, без разлика дали се мажи или жени и дали станува збор за подарок даден за некој празник. Оваа забрана беше донесена со измените во Законот за вработените во јавниот сектор пред две години. 

Целиот текст на следниот линк.