Почетна Струмица Њуз

Тројца повредени во тешка сообраќајка кај терминалот

Тешка сообраќајна несреќа  се случи синоќа на транзитниот пат во близина на „Терминалот“ во која  тројца се тешко повредени. Двајца од нив се задржани во струмичката болница, а 23 годишниот П.П е тешко повреден и пренесен е во Скопје.

Причините за настанувањето на сообраќајната несреќа засега се непознати. На местото на несреќата пристигнала полициска екипа заедно со противпожарната единица на Струмица.