Почетна Вести

Иванов не го дава мандатот на Заев

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, во неговото обраќање соопшти дека иако се обезбедени потребните 67  потписи предвидени со член 90 од Уставот, нема да му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев поради тоа што не ја отфрлил заедничката платформа на Албанците.

– Нема да определам мандат на оној кој преговара за платформа на туѓи држави, со која се руши унитарноста на Македонија. Туѓи пралтформи нема да бидат основа за формирање на влада, затоа што ние немаме резервна држава. Граѓани, сакам да ве уверам дека можете да бидете спокојни. Се додека јас сум претседател, немам да дадам мандат на човек кој има платформа за рушење на суверенитетот и територијалниот интегритет. Никој со тоа не смее да тргува. Од тоа не мислам да отстапам – рече Иванов.

Тој истакна дека се додека е претседател нема да го даде мандатот на партии кои се залагаат за уривање на суверенитетот.