Почетна Струмица Њуз

Наградите доделени, неизвесен опстанокот на струмичкиот карневал

Големо незадоволство беше изкажено од страна на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал кон Министерството за култура и угостителските објекти во Струмица, на денешната прес конференција на која беа објавени наградените карневалски групи. Од таму велат дека ваквата состојба во иднина може да го  додведе во прашање и оддржувањето на карневалот. Ограмна е разочараноста на организациониот одбор, како што истакнаа, особено од оние што најмногу профитирале, а воопшто не го поддржале струмичкиот карневал.

-Очекуваната поддршка од оние кои што најмногу треба да ја дадат, оние кои што најмногу профитираат на трудот на организациониот одбор и карневалистите, годинава е рамна на нула. Без разлика, нека им служи на чест, можеби ова е момент да им кажеме дека сеуште имаат шанса да го поправат тоа, рече Александар Цицимов, од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Организациониот одбор ги објави освоените награди од годинашното издание, според бодовите на жири комисијата. Како што информираше Александар Филев, претседател на жири комисијата, годинава учествувале 37 групни и поединечни маски, од кои 18 биле од странство, кои што не учествуваат за награди.

Во категоријата „А“ се доделени три први награди со по 1000 евра, поради исто број на бодови.

 Категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица

1-ва награда: СОУЈане Сандански“ Струмица – „Танц на животот“, СОУ „Никола Карев“ Струмица– „Антозои“, Мулен руж (Николов) – „Мери ми,омажи се за мене“.

2-ра награда: ООУ „Гоце Делчев“, Василево – „Деца на сонцето“, СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица – „Дождовна игра“.

 

Категорија Б Групна маска со 30 до 50 лица

1-ва награда: Здружение Струма, Струмица – „Визија“

2-ра награда: ООУ „Сандо Масев“ Струмица – „Индијанци“

3-та награда: Кумановски средни училишта

 

Категорија В Групна маска со 20 до 30 лица

1-ва награда: Ефтимови, Струмица – „Талкајќи низ животот“

 

Категорија Г: Групна маска од 10 до 20 лица

1-ва награда: Мулен руж (Анита) – „Капка светлина на љубовта“

2-ра награда: Струмички викинзи – „Игра на тронови“

 

Категорија Ѓ: Поединечна маска од 1 до 5 лица

1-ва награда: Вештер, Струмица– „Стариот вештер“

2-ра награда: Клеопатра, Струмица – „Сакам да сум невеста“

3-та награда: Пластичар, Струмица – „Маска од шишиња“

Дополнителна награда за стимулација доби маската на СОУ „Никола Карев“ од Пробиштип.