Почетна Струмица Њуз

Ристе Пандев по трет пат спортист на годината на општина Струмица (Фотогалерија)

Неговиот тренер Ване Стојанов ја прими наградата поради отсуството на Ристе Пандев, кој е на подготовки во Швајцарија. Стојанов се заблагодари за наградата најдобар спортист која веќе по трет пат ја добива Ристе Пандев.

„Решивме да ја промениме дисциплината на 200 и 400 метри и се надеваме дека сериозно ќе настапиме намеѓународите натпревари. Ако се одвиваат подготовките според планираното се надевам дека на таа дисциплина ќе иммае сериозни успеси бидејќи брзината ја имаме, вели тренерот, Ване Стојанов.

Второто место за најдобар спортист беше избран Васе Михаилов од Одбојкарскиот Клуб Струмица, додека третата награда и припадна на Павлинка Николовска од женскиот фудбалски  клуб Тиверија.

Во категоријата најдобра спортска екипа првата наградата ја доби сениорскиот тим на Фудбалскиот клуб Академија Пандев. Нивниот тренер Панче Стојанов ја подигна првата награда за најдобар тренер, кој како што истакна очекува да ја исполнат зацртаната цел, влез во првата лига.

„ Оваа награда за мене е признание за мојата работа во изминатите години, но значи и голем успех за фудбалерите кои ги исполнуваат моите идеи на теренот, така што преку нивната игра се гледа мојата работа, вели Стојанов.

Втората награда во категоријата најуспешна спортска екипа и прпадна на ЖФК Тиверија додека третата награда ја доби КИК Бокс Клуб Струмица-Тим Зоран.

Фудбалскиот клуб Академија Пандев се закити и со наградта за најдобар тренер во младинските категории. Југослав Тренчовски беше прогласен за најдобар тренер. Овие награди како што вели Тренчовски претставуваат голема чест за нив но и обврска и поттик за успешна работа и во иднина.

„ Сето тоа се должи на макотрпната работа, фамилијарната атмосфера и условите обезбедени од сопственикот Горан Пандев како и организацијата која е на завидно ниво, вели Тренчовски.

Во оваа категорија најуспешен тренер во млади категории втората награда ја поделија Славе Велков од ЖФК Тиверија и Хари Наковски од одбојкарскиот клуб Наковски волеј-Кадетки, додека третата награда ја доби Иванче Ончев од ракометниот клуб Струмица.

Академија Пандев се здоби со награди и во категориите најуспешна млада спортска екипа, и најдобар спортист во млади категории, која му припадна на Александар Мишов. Второто место за најдобар спортис во млади категории отиде во рацете на Ана Фасулева од ОЈ Наковски волеј, додека третото место кај Елена Панеска од ЖФК Тиверија.

Во категоријата најдобра спортска екипа во млади категории покрај првонаградените Акадсемија Пандев, второпласирани беа ЖФК Тиверија кадети, а третото место го освои Одбојкарскиот клуб Струмица-Младинци.

Покрај прогласувањето на најдобрите и најуспешни тренери, спортски екипи и спортисти во сениорска конкуренција, им беа доделени и  плакети на спортските клубови кои во 2016 година прославуваа годишни јубилеи.

ЖФК ТИВЕРИЈА СТРУМИЦА- 5 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ и развој на спортот во Општина Струмица

– ЖКК ФЕЛИКС- 10 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ и развој на спортот во Општина Струмица

– СРД БИСТРО- 15 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ и развој на спортот во Општина Струмица

– СРД МРЕНА- 60 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ и развој на спортот во Општина Струмица

– ЛОВНО ДРУШТВО БЕЛАСИЦА- 70 ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ и развој на спортот во Општина Струмица

Исто така беа доделени и  признанија на клубови и екипи кои во изминатата 2016 година се истакнаа со учество на светски првенства и развој на младинскиот спорт, како што се:

ФК БЕЛАСИЦА – За развој на младинскиот спорт

Машката одбојкарска екипа на СОУ НИКОЛА КАРЕВ, која во м. Јуни и Јули 2016 година, учествуваше на Светското првенство во одбојка за средни училишта, кое се одржа во Белград-Србија.

Награди им беа доделени и на младите спортисти од Струмица и кои потекнуват од нашиот град, кои со својот талент го свртеа вниманието на познати клубови од Европа и го продолжуваат својот спортски развој во спортските школи и селекции на тие клубови.

КИРИЛ  ПАНОВ (кошаркар) – веќе втора година е дел од школата на кошаркарскиот гигант Барселона.

НИКОЛА МИЦЕВ (кошаркар) – кој е на добар пат да стане член на шампионот на Унгарија Ујпешт Дожа.

НИКОЛА СЕКУЛОВ (фудбалер) – кој стана член на фудбалската школа на најтрофејниот италијански фудбалски клуб Јувентус и член на кадетската репрезентација на Македонија.

СОФИЈА РИЧЛИЕВА (одбојкарка) – членка на турскиот прволигаш Орду Турк Телеком, и кадетска и младинска репрезентативка на Македонија.

Заменик градоначалникот Костадин Костадинов рече дека е голема чест да се доделуваат овие нагади и потенцираше дека општина Струмица е една од општините кои најмногу инвестираат во спортот со 14,5 милиони денари од буџетот од делот за програмата за спорт.

[juicebox gallery_id=”515″]